МКД Охридски бисер покането е од Советот за национални малцинства да претставува Македонско национално малцинство на смотра на националните малцинства на град Загреб.
Друштвото ја одбра пејачката секција Моми бисерни да учествува програмата и реши да членки добијат нови фустани, Моми бисерни настапија во прекрасните црвени фустани со златно жолти гајтани и всушност ги носат боите на македонското знаме. Члеките на секцијата под водство на Сафиудин Алимоски испеаа две песни – соло настап на Јадранка Шинцек во придружба на хорот со песната Јано Мори и песна Борјано Борјанке која беше испеана од Јадранка Шинцек, Олга Чичек и Цветанка Шестан во придружба на хорот.
По пригодната програма, дружењето продолжи на коктел.
Сите фотографии и видеа од манифестацијата разгледајте ги на ФБ страницата на ЗМРХ. ()