МКД Охридски бисер покането е од Советот за национални малцинства да претставува Македонско национално малцинство на смотра на националните малцинства на град Загреб.
Друштвото ја одбра пејачката секција Моми бисерни да учествува програмата и реши да членки добијат нови фустани, Моми бисерни настапија во прекрасните црвени фустани со златно жолти гајтани и всушност ги носат боите на македонското знаме. Члеките на секцијата под водство на Сафиудин Алимоски испеаа две песни – соло настап на Јадранка Шинцек во придружба на хорот со песната Јано Мори и песна Борјано Борјанке која беше испеана од Јадранка Шинцек, Олга Чичек и Цветанка Шестан во придружба на хорот.
По пригодната програма, дружењето продолжи на коктел.
Сите фотографии и видеа од манифестацијата разгледајте ги на ФБ страницата на ЗМРХ. ()
Македонско културно друштво Охридски бисер Загреб земало учество во Денот на Заедница на Македонците во Република Хрватска што се одржа на 24. Ноември 2018.та година во градот Самобор во мултимедијалната сала за млади „Бункер“ со останатите македонски културни друштва од Хрватска.
Во програмата учествуваа МКД Македонија Сплит, МКД Биљана Задар, МКД Браќа Миладиновци Осијек, МКД Свети Кирил и Методиј Пула, МКД Илинден Ријека.
Секое друштво имаше определено време за прикажување на работа на Друштвото врз секциите, МКД Охридски бисер имаше чест да настапува прво, првите настапуваа членовите на литерарно – драмската секција Ленка, учествуваа Нетка Тркуља, Елена Ристова и Ива Радељевиќ рецитирајќи ги песните на Кочо Рацин од стихозбирката Бели мугри. Потоа излезе пејачката секција Моми бисерни која ги испеа песните Борјано, Борјанке и Калеш Дончо и инструменталната секција Охридски бисер со инструментална верзија на песната Јано Мори во изведба на Сафиудин Алимоски на кавал.
Сите фотографии и видеа од манифестацијата разгледајте ги на ФБ страницата на ЗМРХ. ()