logo MKD Ohridski Biser
  • +385 1 4810 644
  • mkd.ohridski.biser@zg.t-com.hr

Aktivnosti društva

(Hrvatski) Dani makedonske kulture: Vasilica – Stara Nova godina, Zagreb – 14.01.2019.

Nije dostupno

(Hrvatski) HRT emisije 5.1.2019 – Dobro jutro Hrvatska te Prizma

Nije dostupno

(Hrvatski) Skupština MKD-a “Ohridski biser”, Zagreb – 29.11.2018.

Nije dostupno

Ден на Координација на Советите и претставниците на националните малцинства на град Загреб – Загреб 9.12.2018

МКД Охридски бисер покането е од Советот за национални малцинства да претставува Македонско национално малцинство на смотра на националните малцинства на град Загреб.

Друштвото ја одбра пејачката секција Моми бисерни да учествува програмата и реши да членки добијат нови фустани, Моми бисерни настапија во прекрасните црвени фустани со златно жолти гајтани и всушност ги носат боите на македонското знаме. Члеките на секцијата под водство на Сафиудин Алимоски испеаа две песни – соло настап на Јадранка Шинцек во придружба на хорот со песната Јано Мори и песна Борјано Борјанке која беше испеана од Јадранка Шинцек, Олга Чичек и Цветанка Шестан во придружба на хорот.

По пригодната програма, дружењето продолжи на коктел.

Сите фотографии и видеа од манифестацијата разгледајте ги на ФБ страницата на ЗМРХ. ()

Денот на ЗМРХ, Самобор 24.11.2018.

Македонско културно друштво Охридски бисер Загреб земало учество во Денот на Заедница на Македонците во Република Хрватска што се одржа на 24. Ноември 2018.та година во градот Самобор во мултимедијалната сала за млади „Бункер“ со останатите македонски културни друштва од Хрватска.

Во програмата учествуваа МКД Македонија Сплит, МКД Биљана Задар, МКД Браќа Миладиновци Осијек, МКД Свети Кирил и Методиј Пула, МКД Илинден Ријека.

 

Секое друштво имаше определено време за прикажување на работа на Друштвото врз секциите, МКД Охридски бисер имаше чест да настапува прво, првите настапуваа членовите на литерарно – драмската секција Ленка, учествуваа Нетка Тркуља, Елена Ристова и Ива Радељевиќ рецитирајќи ги песните на Кочо Рацин од стихозбирката Бели мугри. Потоа излезе пејачката секција Моми бисерни која ги испеа песните Борјано, Борјанке и Калеш Дончо и инструменталната секција Охридски бисер со инструментална верзија на песната Јано Мори во изведба на Сафиудин Алимоски на кавал.

 

Сите фотографии и видеа од манифестацијата разгледајте ги на ФБ страницата на ЗМРХ. ()

Рацинов ден – Бели мугри во Самобор

Традиционално во Самобор се одржа Рацинов ден бо спомен на македонскиот поет Кочо Рацин. МКД Охридски бисер со години го негува споменот на македонскиот поет као важна врска помеѓу Македонија и Хрватска и ја организира манифестацијата во Самоборскиот музеј као и ставање на венците на споменикот на поетот. Кратката програма се состоеше од две предавања на ценети професори, проф др. Славчо Ковилоски и проф. Др. Васил Тоциновски и од рецитациите на членовите на Друштвото кои учествуваат во драмско – литературна секција „Ленка“ и Работилница по македонскиот јазик за возрасни со пригоден коктел.

 

Сите фотографии  разгледајте ги на ФБ страницата на ЗМРХ. ()

Рацинов ден – Бели мугри во Самобор

()

Трибина “Хрватско-македонски културни врски”

()

“ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКИОТ ФИЛМ” (II ДЕЛ)

 

МАКЕДОНСКО КУЛТУРНО ДРУШТВО

“ОХРИДСКИ БИСЕР” – ЗАГРЕБ

 

ОРГАНИЗИРА И ВЕ ПОВИКУВА НА

ТРАДИЦИОНАЛНАTA КУЛТУРНА МАНИФЕСТАЦИЈА

 

ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКИОТ ФИЛМ

(II ДЕЛ)

 

ПОНЕДЕЛНИК, 12.11.2018 ГОДИНА, ВО 18.00 ЧАСОТ

ЧЕШКА БЕСЕДА, ЗАГРЕБ, ШУБИЌЕВА 20

 

 

ИСТОРИСКИ ИГРАН ФИЛМ:

 “РЕПУБЛИКАТА ВО ПЛАМЕН

 

Вардар филм

Режија: Љубиша Георгиевски

Сценарио: Љубиша Георгиевски и Јован Бошковски

 

 

МУЗИЧКИ ИНТЕРМЕЦО:

ПЕЈАЧКА ГРУПА МОМИ БИСЕРНИ

ПРИ МКД ОХРИДСКИ БИСЕР

КОКТЕЛ

 

* СЕ РАДУВАМЕ НА СРЕДБАТА СО ВАС *

 

ПОКРОВИТЕЛ:

Совет за националните малцинства на Република Хрватска

()